Ибрахим Калин: Одлуката на Европскиот парламент е неважечка

0

(Дубаи – Портал) Портпаролот во кабинетот на претседателството Ибрахим Калин истакна дека одлуката на Европскиот парламент (ЕП) за суспендирање на преговорите со Турција е неважечка.

Портпаролот во кабинетот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин во врска со одлуката на Европскиот парламент (ЕП) за суспендирање на преговорите со Турција објави соопштение на својата сметка преку социјалната медија.

Калин  истакна дека усвоената одлука од страна на Европскиот парламент (ЕП) е неважечка.

Велејќи дека извештајот претставува поткопување на процесот засилување на заедничките обиди по прашањето на придавање нов интензитет на односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ), портпаролот во кабинетот на претседателството Ибрахим Калин рече: “За нас е неважечка оваа одлука која никако не е обврзувачка и која е еднострана и далеку од објективност.”

Mahir Demişoski