САД ќе тестираат два забранети проектила

0

(Дубаи – Портал) Врз основа на изјави на американски претставници, еден од проектилите ќе биде крстосувачка ракета која лета на ниска височина со дострел од 1.000 километри, додека другиот проектил ќе биде балистички проектил со дострел од 3.000 до 4.000 километри.

ВАШИНГТОН (АА) – Војската на Соединетите Американски Држави (САД) оваа година ќе тестира два проектила кои се забранети во рамки на Договорот за нуклеарни сили од среден дострел, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста на новинската агенција „Асошиејтед прес“ („Associated Press“), врз основа на изјавите на американските претставници кои сакаа да останат анонимни, еден од проектилите ќе биде крстосувачка ракета која лета на ниска височина со дострел од 1.000 километри, додека другиот проектил ќе биде балистички проектил со дострел од 3.000 до 4.000 километри.

Се вели дека двата проектила нема да носат нуклеарна боева глава.

Крстосувачката ракета која лета на ниска височина ќе се тестира во август. Балистичкиот проектил ќе се тестира во ноември.

Во веста се наведува дека САД сѐ уште не се консултирале со своите сојузници во Источна Азија и Европа во врска со овие два проектила, и дека е можно американската војска балистичкиот проектил да го позиционира на пацифичкиот остров Гуам.

Mahir Demişoski