После тешката борба со болеста, нашата сестра Амина се пресели на Ахирет

0

Инна Лиллахи Ве Инна Илејхи Раџиун.
Сите ние сме Аллахови и сите нему ќе му се вратиме.

Драги читатели на Дубаи Портал, потресени, натажени, нажалостени, поради тажната вест која мораме да ви ја пренесеме. После долго време лекување во Германија, “Нашата Сестра Амина Шајноска” од село Броштица, која боледуваше од акутна леукемија, од денес веќе не е меѓу нас, се пресели на Ахирет. Аллах да и се смилува и да ја смести во најјубавото место во Џеннетот.

Како потсетување, 26-годишната Амина боледуваше од акутна леукемија, а терапии примаше во Германија.

Ние од Дубаи – Портал им се заблагодаруваме на сите што одвојаа од своите парични средства и донираа за досегашното лекување на нашата рахметли сестра.

Аллах на Амина да и се смилува, а на нејзините најблиски помогне со сабур.

Дубаи – Портал