Чавушоглу: Треба да се сподели товарот по прашањето на сириските бегалци

0
26

(Дубаи – Портал) Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Брисел учествуваше на 3. Бриселска конференција за иднината на Сирија и во говорот што го одржа овде истакна дека треба да се сподели товарот по прашањето на сириските бегалци

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу престојува во посета на белгискиот главен град Брисел каде што учествуваше на Третата бриселска конференција за иднината на Сирија.

На конференцијата на која учествуваа претставници на голем број земји и меѓународни организации, Чавушоглу говореше на седницата насловена како „Поддржување на Сирија и иднината на регионот“ каде што истакна дека треба да се сподели товарот по прашањето на сириските бегалци.

Во својот говор Чавушоглу потсети дека само во Турција живеат 3 милиони 600 илјади Сиријци и ги повика земјите да ги споделат товарот и одговорноста, а како што рече за решавање на мигрантскиот проблем.

Тој го нагласи и значењето за одбрана на политичкиот и територијалниот интегритет на Сирија во процесот на повлекување на САД од оваа земја.

Привлекувајќи внимание дека одлуката на САД за повлекување од Сирија и намалување на своето тамошно воено присуство претставува нов предизвик, Чавушоглу рече: “Треба да спречиме да дојде до политичка празнина и сепаратистичко-терористичките организации како ДЕАШ, ПЈД и ЈПГ/ПКК и режимот да ја злоупотребат оваа состојба.”

Чавушоглу подвлече дека никако нема да се дозволат терористички напади од границата против Турција и додаде: “Ќе продолжи нашата соработка во Сирија, со САД и другите.”

Процесот од Астана, како надополнување на разговорите во Женева, обезбедува конкретни придонеси од аспект на намалувањето на насилството и унапредувањето на политичкиот процес, нагласи Чавушоглу и продолжи со зборовите “Како резултат на нашите заеднички активности е овозможено да се дојде до крајна фаза во формирањето на Уставниот комитет.”

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу даде порака за одлучност и по прашањето на постигнатата спогодба со Русија за Идлиб, на 17 септември 2018 година во Сочи.

“Беше успешна по прашањето на областа за намалување на затегнатоста во Идлиб, да се спречи да дојде до уште една човечка трагедија и да дојде до еден нов бегалски бран кон Турција и Европа”, рече Чавушоглу и додаде дека и покрај сите провокации Турција е одлучна да остане приврзана кон спогодбата за Идлиб и зачувувањето на спокојството во регионот.

Mahir Demişoski