Турскиот потпретседател Октај повика на заеднички став против сите терористички напади

0
8

(Дубаи – Портал) – Истакнувајќи дека е трагично да се гледа растот на екстремно десничарските чувства, како и расизмот и исламофобијата, турската делегација нагласи дека е јасно оти ваквиот екстремистички пристап поттикнува поединци склони кон тероризмот
КРАЈСТЧРЧ (АА) – Турскиот потпретседател Фуат Октај повика на заеднички став против сите терористички напади за време на неговата посета на Нов Зеланд, истакнувајќи дека двата терористички напади во кои беа убиени 50 лица, се јасен терористички чин, јавува Anadolu Agency (AA).

Турскиот потпретседател и шефот на дипломатијата пристигнаа во Нов Зеланд

Изјавата потпретседателот Октај ја дадена за време на неговата средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Нов Зеланд, Винстон Питерс.

Министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, исто така, присуствуваше на состанокот кој се одвиваше зад затворени врати.

Турските официјални претставници го пренесоа длабокото жалење на претседателот Реџеп Таип Ердоган во врска со неодамнешните крвави терористички напади во Нов Зеланд.

Тие беа информирани за најновата состојба на повредените Турци и за текот на истрагата за терористичките напади.

Турската страна понуди секаков вид поддршка во борбата против тероризмот.

Истакнувајќи дека е трагично да се гледа растот на екстремно десничарските чувства, како и расизмот и исламофобијата, турската делегација нагласи дека е јасно оти ваквиот екстремистички пристап поттикнува поединци склони кон тероризмот.

Во петокот, терорист отвори оган врз верниците за време на петочната молитва (џума-намаз) во џамиите „Ал Нур“ и „Линвуд“, џамии во и околината на Крајстчрч, третиот по големина град во Нов Зеланд.

Турската делегација ќе ги посети местата на терористичките напади во Крајстчрч.

Mahir Demişoski