Топ 5 фудбалски трансфер вести: Милинковиќ-Савиќ мета на Реал Мадрид, Јовиќ на Барселона

0

(Дубаи – Портал) Драги читатели на Дубаи – Портал,  започнуваме со една нова програма, преку која, секоја недела ќе ви ги пренесуваме топ 5 најактуелните фудбалски трансфер вести од светот, а за оваа недела ви ги пренесуваме следните:

Конте потенцијален кандидат за преземање на Јувентус

Ова е можеби последна сезона за Масимилиано Алегри на клупата на Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми, а како замена за него можно е враќање на некогашниот тренер, Антонио Конте. Поранешен тренер на Челси и репрезентацијата на Италија.

ПСЖ не се откажува од Ериксен

После 6 изминати во дресот на Тотенхем, репрезентативецот на Данска од средишниот ред, Кристијан Ериксен(27) сеуште е главна цел на тимот од Парис. Францускиот гигант како што најави, им спрема трансфер на неколку играчи, а тоа се: Анхел Ди Марија, Единснон Кавани и Адриен Работ.

Реал Мадрид повторно покажува интерес за Милинковиќ-Савиќ

Со враќањето на Зинедин Зидан, управата на Реал Мадрид повторно планира трансфер на Српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ(24). Ако Лацио прифати, овој трансфер на Реал Мадрид би го коштал 75 милиони евра.

Зидан го сака Фекир во тимот

Према Дејли Рекорд, Зинедин Зидан од управата побарал да го донесатФранцускиот репрезентативец, Набил Фекир (25) – (играч од средишниот ред). За овој трансфер Реал Мадрид ќе треба да издвои преку 60 милиони евра.

Барселона покажува интерес за Јовиќ

Според Мундо Депортиво, скаутите на Барселона веќе некое време ја следат играта на Српскиот напаѓач, Лука Јовиќ(21), кој се покажа како победник на дуелот помеѓу Ајнтрахт Франкфурт и Интер. Како пренесува Мундо Депортиво, Барселона ќе се обиде да го доведе напаѓачот од Бундеслигата во своите редови, кој додека го носел дресот на Бенфика, Барселона имала можност да го доведе за само 6 милиони евра.

Mahir Demişoski