Протест на „Жолтите Елеци”: Мајка и дете спасени од пожар во Париз

0

Големи облаци чад се издигнаа над познатата улица „Елисејски полиња“, а мајка и нејзиното дете беа едвај спасени од пожарот предизвикан во зградата.

(Дубаи – Портал) – Демонстрантите на „Жолтите елеци“ предизвикаа сериозен пожар, разбија луксузни продавници и се судрија со полицијата денеска, во 18. викенд по ред од демонстрациите против францускиот претседател Емануел Макрон, јавува Anadolu Agency (AA).

Големи облаци чад се издигнаа над познатата улица „Елисејски полиња“ (Шанз-Елизе), а мајка и нејзиното дете беа едвај спасени од пожарот предизвикан во зградата.

Француската полиција се обиде да ги разбрка демонстрантите со солзавци и водени топови.

Пожарот бил предизвикан во банка која се наоѓа на приземјето од седумкатна станбена зграда, кој откако пристигнале пожарникарите, бил изгаснат, а од неговите пламени кои го зафатиле нивниот кат, биле спасени мајка и дете. Единаесет лица во зградата, вклучувајќи двајца пожарникари, се здобиле со полесни повреди, додека другите лица кои живееле во зградата биле евакуирани на безбедно.

Насилството започнало кога демонстрантите започнале да фрлаат димни бомби и други предмети врз полициските службеници долж познатата авенија „Елисејски полиња“.

Пожарниканите служби изгаснале и два запалени киосци на авенијата.

Министерот за внатрешни работи, Кристофер Кастанер, изјави дека во Париз денеска се наоѓале 8.000 демонстранти, вклучувајќи и 1.500 насилници кои биле таму за да уништуваат.

Полицијата изјави дека 82 лица биле уапсени до попладнево. Полицијата затвори неколку улици.

Mahir Demişoski