Обединетите Арапски Емирати – Глобален модел за поддршка на децата

0

(Дубаи – Портал) – Министерот за толеранција, Шеик Нахјан бин Мубарак Ал Нахјан, изјави дека Денот на децата на Емиратите го прослави заложувањето на ОАЕ за поддршка на децата како и развивањето на нивните вештини и таленти.

Во говорот по повод одбележувањето на годишната прослава која се оджа на 15-ти март, Шеик Нахјан и се заблагодари на “Мајката на Обединетите Арапски Емирати”, г-ѓа Шеиха Фатима бинт Мубарак, поради нејзината визија и директиви и нејзините тековни напори за поддршка на децата.

Шеиха Фатима бинт Мубарак е претседател на Генералниот сојуз на жени, претседател на Врховниот совет за мајчинство и детство и Врховен претседател на Фондацијата за развој на семејството.

Додека го прославуваме Денот на децата на Емиратите, горди сме на мудрата визија на мајката на Обединетите Арапски Емирати за надминување на пречките за вистинското одгледување на децата на правилен начин, како и за поддршка на нивните мајки и семејства.” надополни тој.

“Ние, во Обединетите Арапски Емирати, се движиме напред со посветеност и истрајност по стапките на основачот, починатиот шеик Зајед бин Султан Ал Нахјан, со цел да постигнеме целосен општествен развој и да ги одгледаме нашите деца на правилен начин. Шеик Зајед кажуваше дека сите ние имаме национална одговорност да ги воспитаме нашите деца на слободно размислување и на паметен начин, да ги задоволат барањата на модерната ера”, рече тој.

Шеика Хинд бинт Мактум бин Јума Ал Мактум, сопруга на заменик-претседателот, премиер и владетел на Дубаи, Неговото Височество Шеик Мохамед бин Рашид Ал Мактум, го истакна водечкото регионално и меѓународно искуство на ОАЕ за поддршка и заштита на правата на децата и младина.

Таа додаде дека земјата обезбедува пристоен живот за децата и ги подигнува и воспитува идните генерации кои ќе имаат корист од нивната заедница и земја, поради тоа што веруваат дека децата се најдобрата инвестиција за посветла иднина.

Во говорот за “Денот на децата на Емиратите” Шеиха Хинд ја изрази својата гордост во достигнувањата на Обединетите Арапски Емирати, поради директивите на Претседателот Неговото Височество Шеик Калифа бин Зајед Ал Нахјан и Неговото Височество Шеик Мохамед бин Рашид и Неговото Височество Шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахијан, Престолонаследникот на Абу Даби и заменик-врховен командант на вооружените сили на Обединетите Арапски Емирати, како и нивните високи претставници, членови на Врховниот совет и Владетели на Емиратите.

Таа, исто така, ги пофали напорите на шефицата Шеиха Фатима бинт Мубарак, претседател на Генералниот женски сојуз, претседател на Врховниот совет за мајчинство и детство и Врховен претседател на Фондацијата за развој на семејството, за поддршка на мајчинството и детството низ целата земја, допринесувајќи и со изготвување на Националната стратегија за мајчинство и детство и Стратешки план за деца со попреченост 2017-2021, како и преку спроведување на програми кои имаат за цел да ги поддржат социјалните, образовните и здравствените услуги за децата. 100годишнината на ОАЕ (2071) ја нагласува желбата на земјата да ги подготви идните генерации кои се способни да ги преземат своите одговорности за развој, за да обезбедат среќна иднина и да ја направат ОАЕ најдобра земја во светот, заклучи Шеиха Хинд.

Претседателот на Сојузниот национален совет, Д-р Амал Абдулах Ал Кубаиси, рече дека Обетиендитет Арапски Емирати сакаат да им дадат приоритет на децата како национално богатство, бидејќи тие се камен-темелник на неговиот развој и иднина, притоа забележувајќи дека земјата ги надмина тешкотиите при подигање и воспитување на децата на правилен начин, преку низа закони, политики и стратегии.

Во говорот што ја одбележа годишнината на Денот на децата на Емиратите, д-р Ал Кубаиси исто така спомна дека Обединетите Арапски Емирати ги заштитуваат детските права, преку релевантно правни, законодавни и организациски рамки, како одраз на директивите на мудрото раководство за поддршка на идните генерации.

Таа, исто така, ги пофали директивите на мудрото раководство, предводени од претседателот Неговото височество Шеик Калифа бин Зајед Ал Нахјан, и потпретседателот, премиерот и владетелот на Дубаи, неговото височество Шеик Мохамед бин Рашид Ал Мактум и Неговото Височество Шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахијан, Престолонаследникот на Абу Даби и заменик-врховен командант на вооружените сили на Обединетите Арапски Емирати, како и нивните високи членови на Врховниот совет и Владетели на Емиратите, за поддршка на децата и целата заедница.

Mahir Demişoski