Вучиќ: „Ќе одговараат сите оние кои учествуваат во насилствата во Србија“

0

„Никогаш нема да дозволиме мала група од 5.000 или 10.000 лица да управуваат со Србија, затоа што се насилни“, рече Вучиќ на прес-конференција во Претседателството

(Дубаи – Портал) – Српскиот претседател Александар Вучиќ, реагирајќи на случувањата по повод упадот на демонстрантите во Радио-телевизија Србија, изјави дека државата нема да дозволи насилство и загрозување на кој било, и дека оние кои учествувале во насилството, кривично ќе одговараат, јавува Anadolu Agency (AA).

„Никогаш нема да дозволиме мала група од 5.000 или 10.000 лица да управуваат со Србија, затоа што се насилни“, рече Вучиќ на прес-конференција.

Тој истакна дека демонстрантите за време на прес-конференцијата ги пробиле сите огради пред Претседателството на Србија, дека ги има 1.023, и дека „само чекаат кога ќе упаднат“, нагласувајќи дека тој ќе ги чека.

Вучиќ рече дека што и да се случи, на Србија ќе ѝ ја сочува стабилноста, па макар и да загине.

Тој рече дека од Србија е испратена слика која власта не сака да ја испраќа, но дека е горд на полицијата, која со голема трпеливост ги изнесе лидерите на опозицијата од РТС на најмирен начин.

Вучиќ додаде дека во РТС биле лидерите на опозицијата, додека пред зградата биле граѓаните кои мислат поинаку.

Тој во текот на прес-конференцијата, претседателот на Двери, Бошко Обрадовиќ, го нарече „фашист“, а основачот на Сојузот за Србија, Драган Ѓилас, „тајкун“.

Запрашан дали во Србија може да дојде до вонредни парламентарни избори, Вучиќ рече: „Не мислам дека денес сме подалеку од вонредни претседателски избори отколку што бевме вчера.“

Вучиќ им упати апел на луѓето од Косово, кои според неговите зборови, тргнале да го бранат, да не доаѓаат во Белград, бидејќи за такво нешто нема потреба.

Mahir Demişoski