За кого, и до кога ќе гори Лабунишката “депонија“?

0

Едноставно, не можам да си замислам како може човек да остане толку рамнодушен на одреден проблем, проблем кој ја притиска една цела населба,а не една единка, и таквиот проблем речиси секојдневно да представува причина за загрозување на животната средина, а најмногу по здравјето на жителите на одредена населба.

Погодувате, како и секогаш, како магнет за привлекување на многубројни проблеми било инфраструктурни или други, на врвот како и секогаш покрај Подгорци, Октиси и Боровец се наоѓа, мислам дека веќе погодивте, не е никој друг туку населба Лабуништа, а овој пат на врвот на топ листата на проблеми се надвивна опожарувањето на селската депонија, и нејзината опасност, и дали всушност и може да се нарече депонија.

За, жал се додека они одговорните (пратеници, советници, функционери, политичари и др..) не го помрднат својот га`з од нивните фотељи, нашите сограѓани наместо со кислород, своите бели дробови ќе продолжат и понатаму да ги напојуваат со смрад и опасни состојки од кои белите дробиви повеќе нема да се бели, туку црни.

Можеби за некого ова ќе биде смешно, ама за оние нормалните за жал ќе биде обратното.

Социјалните мрежи се преполни со реакции од сите страни, секој си наоѓа простор за свое видување, и коментар, било да е загрижен или не, притоа посочувајќи на резултатите од опасноста од ова “депонија“ која предизвикува фатални последици по здравјето и животот на сите оние кои се во непосредна близина, па и пошироко.

Бидејќи, проблемот не е нов, односно како стар се влече веќе извесен период, се повеќе е очигледно дека они одговорните како да гледаат попреку, како демек ништо да не се случува.

За жал никаде ги нема ниту оние лекарите, кои треба да бидат во првите редови и укажат на сериозноста од овој проблем.

За политичарите не сакам ич да зборувам, бидејќи нивното веќе е видено.

За жал ги нема ниту здруженијата, кои, ако се анализира, вообичаено се активираат во време на предизборна кампања и за нивната вистинска цел онаа политичка пропаганда, карактеристично како и секогаш за нашиве Торбешки села.

Ништо подобри не се ниту пак оние другите образовани (професори, инжинери и др..) кои тивко си молчат и се прават на “Тошо“ како ништо да не се случува.

Од тука, сё додека имаме вакви “образовани“ лица, кои секојдневните проблеми ги гледаат само во нивните џебови, ние и понатаму ќе се давиме во купот на оние нашите заеднички проблеми : Руинирани патишта, диви депонии, диви каменоломи, дотраени водоводни и канализациони систем, и ред други, а кој знае можеби ќе излезе и некој нов непознат.

Е, сега кој е виновен за овој проблем и оние другите останати, засега можеби и не е повеќе толку важно од онаа главното: За кого и до кога ќе гори Лабунишката депонија?

Прашање кое треба секој еден нормален човек да си го постави, и се разбира во сите оние глупости кои ни се случуваат барем да изнајде делумно решени, или пак повторно сето ќе стивне и ќе произлезе како што вели онаа стара поговорка: “Кучињата лаат, а караванот си врви“.

А, ако се нализира истата, тоа и ни доаѓа точно така, односно само си “лаеме, а проблемите се редат…“

Можеби некои и како одговорни ќе се пронајдат во горенаведениот текст, бидејќи нашата цел е да укажеме на реалноста од проблемите со кои се соочени нашите населби и можноста од нивното решавање.