Децата во Сирија растат под земја

0
7

Асадовиот режим и неговите поддржувачи ги игнорираа сите меѓународни договори постигнати за обезедување на примирјето во Идлиб и за заштита на околу 4 милиони цивили.

(Дубаи – Портал) – Децата кои заедно со своите семејства се засолниле во пештера, со цел да се заштитат од нападите на силите на режимот во Сирија, растат во недостиг на дневна светлина, чист водух и игри, пишува Anadolu Agency (AA).

Асадовиот режим и неговите поддржувачи ги игнорираа сите меѓународни договори постигнати за обезедување на примирјето во Идлиб и за заштита на околу 4 милиони цивили.

Цивилите во Идлиб, кој е цел на најинтензивните напади во граѓанската војна која трае веќе 8 години, се засолнуваат во пештера со цел да преживеат.

Овој метод, иако не ги заштитува против интензивните воздушни напади, ги заштитува против артилериските напади на режимот.

На овој начин цивилите се принудени да живеат во темнина, со цел да ги заштитат своите животи.

Оваа состојба најмногу ги погодува децата, кои живеат во недостиг на сончева светлина, чист воздух и социјална средина. Тие претрпуваат физички и ментални нарушувања.

Забележани се нарушувања во говорот кај овие деца кои своето време го поминуваат играјќи со малкуте играчки кои ги имаат со себе.

Мухамед Худејри, татко на пет деца, во изјава за АА, во пештерата во која се засолнуваат, истакна дека едното дете го загубил во артилериски напад, а другото дете во воздушен напад извршени од Асадовиот режим.

Худејри рече дека по воздушните напади во кои била срушена неговата куќа, биле принудени да се засолнат во пештера.

„Со цел да ги заштитам своите деца и семејството живееме во пештера. Тука сме. Секој ден се изведуваат над 50 артилериски, тенковски и копнени напади. Не можам да живеам на некое друго место, освен во пештера. Пробав да живеам во кампови, но не можев да издржам. Таму нема работа. Умирате од глад“, додаде тој.

– „Оваа пештера може да биде гробот на моето семејство“ –

Худејри нагласи дека кога слушаат напади, веднаш трчаат во пештера.

„[Пештерата] Може да ве заштити од куршум или од артилериски напад, но не може да ве заштити од нападите кои ги извршуваат руските авиони. Во рускиот воздушен напад, моите соседи беа затрупани и загинаа во пештерата која ја ископаа. Оваа пештера може да биде гробот на моето семејство“, истакна Худејри.

Худејри рече дека децата сакаат да играат надвор, и додаде: „Ова дете кое го носам во моите раце, сака да игра надвор, но кога слуша дека има напад, веднаш трча кон пештерата. Нема и другари со кои може да игра. До оваа возраст требаше да зборува. Ќе зборува. Претрпува нарушување во говорот бидејќи нема со кого да игра. Не ги живее своите најдобри денови. 13 часа живее во пештерата. Каква вина има ова дете?“

– „Мајка ми не ни дозволува да излеземе надвор поради бомбардирањата“ –

Мустафа Хадари (42) истакна дека неговата куќа била срушена во нападите на режимот, и дека бил принуден да се засолни во пештера бидејќи нападите продолжуваат.

„Мојата работа, мојот живот е тука. Не отидов во камповите, нема да излезам. Моето семејство излезе надвор за да ги пере алиштата. Ја загубив мојата ќерка во напад извршен од беспилотно летало. Мојата сопруга беше повредена. Оваа пештера може да ве заштити од артилериски напад, но не може да ве заштити од воздушен напад“, додаде Хадари.

Седумгодишната Рене Хадари живее во една од пештерите. „Мајка ми не ни дозволува да излеземе надвор поради бомбардирањата. Моите пријатели живеат далеку. Во пештерата имам братучед. Само со него играм“, рече Хадари.

Од почетокот на годината, со прекршување на Договорот од Сочи, во воздушните и копнените напади во цивилните населени места во рамки на зоната без судири во Идлиб извршени од Асадовиот режим и терористичките групи поддржани од Иран, загинаа најмалку 147 цивили, додека над 440 цивили се повредени.

Mahir Demişoski