Подгорци: Свеченост по повод Лејлетул Мираџ

0

Вчеравечер во просториите на џамијата на населба Подгорци, се оддржа свеченост по повод Лејлетул Мираџ.

Како што и веќе забележувате веќе низа на години, активностите на нашава џамија секогаш ги обележуваат сите датуми кои се најзначајни за исламот, односно оние датуми кои се поврзани со настаните и се разбира личноситите кои го воздигнувале исламот.

Ние продолжуваме секоја година со нашите активности, пред се благодарение на младите талебиња кои посетуваат веронаука при нашава џамија, а се разбира и помагањето од страна на џематлиите и жителите на населба Подгорци.

Јас, како и мојот колега еф.Назме Мавмудоски заеднички истрајуваме во нашите напори за реализација, оддржување и потсетување на ваквите настани, а се надевам, иншАллах дека ќе продолжиме и понатаму, ни напомена имамот на џамија Подгорци еф. Џевари Сефоски.

Се разбира дека ова е и еден од најзначајните настани во историјата на исламот и муслиманите воопшто.