Путин и германскиот министер за економија отворија фабрика на Мерцедес во Москва

0
9

Групата Мерцедес Бенз инвестираше повеќе од 250 милиони евра во ултрамодерната фабрика во близина на Москва, ама во руската национална валута – рубљи. Со повеќе од илјада работни места, фабриката ќе произведува луксузни лимузини и SUV за локалниот пазар.Vladimir Putin mercedesova fabrika

Рускиот претседател Владимир Путин вчера го отвори новиот погон за склопување на патнички автомобил на Мерцедес-Бенц во индустрискиот парк Есипово во московскиот регион, а церемонијата се одржа во присуство на германскиот министер за економија, Петер Алтмари и претседателот Дајмлер, Дитер Цече.

Пристигнувајќи во рускиот автомобил “Аурус” Владимир Путин ја посети фабриката, ги посети производствените линии на Mercedes E-Class и остави автограм на автомобилот на овој модел.

Во јуни 2017 германскиот производител на автомобили Дајмлер започна со изградба на својата прва руска фабрика за производство на автомобили од марката Мерцедес. Изградбата започна во согласност со посебен договор за вложување. Групата Мерцедес Бенз инвестираше околу 16 милијарди рубли во оваа фабрика, повеќе од 250 милиони евра.

Со повеќе од илјада нови работни места, производствениот капацитет на фабриката е проценет на меѓу 25.000 и 40.000 автомобили годишно, пренесе агенцијата Спутник. До крајот на март повеќе од 500 луѓе веќе работеа на монтажни ленти. Во 2019 година се очекува дека новата фабрика ќе започне со локалното производство на Mercedes-Benz E-Class и SUV (4WD).