Сообраќајна незгода на магистралниот пат Ќафасан – Подмоље

0

(Дубаи – Портал) – На единаесетти април оваа година, во 21 часот и 30 минути, на магистралниот пат Ќафасан – Подмоље, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.И. (22) од село Радолишта и влекач „МАН“ со полуприколка со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.М. (39) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Ауди“. Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга, по што бил префрлен во болницата „Свети Еразмо“-Охрид а потоа во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид извршила екипа од полициската станица Струга.

Mahir Demişoski