100 лекари и медицински персонал заразени од морбили, 60% од нив не биле вакцинирани

0

Медицински персонал, матични лекари и специјализанти во разни клиники се заразени од морбили. Најмногу случаи се регистрирани на Детската клиника. Епидемиологот Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје, вели дека препорачуваат сите здравствени работници да се вакцинираат.

„Морбилите што се проширија во сите општини во Македонија не го поштедија ниту медицинскиот персонал. Над 100 здравствени работници, директори и медицински персонал се заразени од сипаници. Од Институтот за јавно здравје информираат дека персоналот не бил вакциниран и дека дел од нив бил делумно заштитен со само една доза на вакцина“, вели репортерката на ТВ21, Арбана Ќ. Климента.

Епидемиологот Микиќ додава дека 60% од заразениот медицински персонал не е вакциниран, а најголемиот дел се од Скопје.

Инаку, Институтот за јавно здравје денеска излезе со нови бројки на лица заразени од морбили. За една недела заразени се 126 лица, од кои 57 од Скопје, а 67 други од разни градови во земјата. Најголем број на случаи се деца на 4-годишна возраст, а висок процент на заболени има и од возрасна група над 30 години. Од почетокот на епидемијата, на територија на целата земја се регистрирани 960 случаи на заболени од морбили.