Филипче: Болницата во Кочани не се затвара, ќе стане регионален Центар за ампутации

0

Болницата во Кочани нема да се затвора и истите услуги кои досега беа давани ќе продолжат да се даваат на пациентите од градот и околните места, рече министерот за здравство Венко Филипче на средба со средбата со стручниот колегиум од болницата.

„Критикувани бевме дека ќе ја затвориме Општата болница Кочани, но не станува збор за затворање, туку за модел на нивно унапредување, каде за истите пари од Фондот ќе добиеме подобри услови за работа на здравствените работници и подобри услови за пациентите“, истакна министерот Филипче.

Концептот за регионализација ќе донесе голем бенефит за жителите, а болницата во Кочани ќе стане регионален центар за ампутации, каде ќе се вршат ампутации на пациенти од целата држава.

Министерот Филипче посочи дека концептот на јавно приватно партнерство ќе биде разгледан со вработените и по завршување на физибилити студиите, ќе се отвори широка јавна дебата. Дејностите ќе останат, а приватниот партнер би инвестирал во инфраструктурата.

Според специјалностите во секоја установа, ќе се направи листа на дејности и регионализација со која ќе се зајакнат капацитетите на точно утврдените дејности во секоја установа, смета Филипче.

На состанокот, министерот Филипче истакна дека нема да биде наметнато решение, нема да се затвараат болници, туку ќе се направи реорганизација, се со цел унапредување на здравствената заштита за нашите пациенти.