Кривична за жител на Радолишта поради фалсификување на деловни книги

0

Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга поднесе кривична пријава против 51-годишниот М.Д. од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување на деловни книги“.

– На први март минатата година, пријавениот, како управител на фирма, изготвил две лажни банкарски уплатници во износ од 98.400 и 29.520 денари, по што во одделението за прекршоци во СВР Охрид ги приложил како доказ за извршена уплата за сторени прекршоци, информираат од МВР. (Крај)

Извор:Ohridpress