Денес, новоформираната 18-та по ред палестинска Влада, ја повтори положената заклетва

0

(Дубаи – Портал) – Новоформираната 18-та по ред палестинска влада на премиерот Мухамед Иштаех ќе мора да ја повтори својата заклетва пред претседателот Махмуд Абас, во недела(денес), во централниот окупиран град Рамалах на Западниот Брег, објави Ma’an News.

Повторувањето на заклетвата ќе се случи поради грешките во текстот кои, новата влада ги направи во текот на пишувањето на заклетвата.

Точниот текст на заклетвата треба да биде: “Се колнам да бидам лојален на татковината и нејзините светости, кон народот и неговото национално наследство, да го почитувам уставниот поредок и законот и да се погрижам за интересите на палестинскиот народ “.

Претседателот Махмуд Абас во саботата им даде доверба на новоформираната 18-та палестинска влада и истата ја направи закон.

Повеќето од 22-те членови на 18-тата влада се нови, освен кај клучните министерства како што се, Министерствата за финансии и надворешни работи, Министерството за внатрешни работи, и Министерството за верски прашања, каде не се случија промени на нови Министри.

Абас рече дека мисијата на новата влада ќе биде забрзување на повторното обединување на Западниот брег и појасот Газа, како и да работаат на одржување законодавни избори во Западниот Брег, Источен Ерусалим и појасот Газа за зајакнување на демократијата.

Тој додаде дека владата, исто така, ќе продолжи да финансиски ги поддржува семејствата на Палестинците што се наоѓаат во израелските затвори и оние убиени од израелската армија, за да ја зајакнат постојаноста на палестинскиот народ во соочувањето со израелските политики за населување, да го бранат источен Ерусалим и неговите свети места и да се изгради силна национална економија.

Mahir Demişoski