Вучиќ: „Власта спремна на дијалог, опозицијата го одбива“

0

Вучиќ на новинарите на градилиштето кај Клиничкиот центар на Србија им рече дека тие се подготвени на дијалог, но дека опозицијата не е.

(Дубаи – Портал) – Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека вчера на протестот „Еден од пет милиони“ во почетокот имало до 7.500 луѓе, а дека по прошетката, во текот на говорите на политичарите имало 3.978 луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).

Вучиќ на новинарите на градилиштето кај Клиничкиот центар на Србија им рече дека тие се подготвени на дијалог, но дека опозицијата не е.

Тој додаде дека 7.500 луѓе е сериозна бројка што не е за потценување, бидејќи тоа значи дека можат да го поминат цензусот.

Вучиќ рече дека очекувал политичките лидери вчера на собирот да зборуваат сериозно, бидејќи тоа се очекува од политичарите.

Тој рече и дека планот на опозицијата бил вчера да упадне во Собранието на Србија, но дека ги надмудриле пратениците од Српската напредна партија.

Говореќи за прашањето во врска со Косово, искоментира дека е многу загрижен поради сето она што се случува на Косово и поради средбите во Берлин, бидејќи не гледа како понатаму со луѓето „кои се толку неодговорни, како албанските лидери денес“.

Тој со министерот за здравство го посети градилиштето на Клиничкиот центар на Србија.

Вучиќ рече и дека 110 милиони евра изнесува вкупната инвестиција во Клиничкиот центар на Србија и дека овој центар ќе биде завршен до август 2021 година.

Mahir Demişoski