Во тек се раните уписи во училиштето „Маариф“ во Северна Македонија

0

Ова училиште нуди образование со посветени учители и комфорна средина соодветна за учениците. Училиштето има 44 училници, различни лаборатории, библиотеки, ателјеа, спортска сала и простор за одржување свечени манифестации

(Дубаи -Портал) – Започнаа раните уписи во интернационалното училиште „Маариф“ (Maarif International School) во Северна Македонија, што ќе траат во период од 1 до 30 април оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).

Турската фондација „Маариф“, која има училишта во над 30 земји во светот, има училиште и во Северна Македонија. Училиштето се наоѓа во Тетово, во рамките на кое има градинка, основно училиште и средно гимназиско училиште.

Ова училиште нуди образование со посветени учители и комфорна средина соодветна за учениците. Училиштето има 44 училници, различни лаборатории, библиотеки, ателјеа, спортска сала и простор за одржување свечени манифестации.

Од училиштето информираат дека наставната програма по предметите физика, хемија и биологија, освен со теоретски предавања, поддржана е и со практични експерименти, а наставата по предметите од областа на информатиката се одвива во современо опремени лаборатории за изучување на информатичката технологија.

Училиштето поседува и модерна затворена спортска сала и професионални наставници и професори по физичко образование кои посветено работат со учениците по овие предмети.

Освен тоа, постои и амфитеатар со капацитет од 300 седишта, кој е наменет за кино и концерти.

За уметничките активности, училиштето располага со ателје за ликовна уметност, како и ателје по музичка уметност, кое им нуди можности на учениците да ги откријат и развијат своите таленти.

Училиштето „Маариф“ во рамките на својот објект има и активна мултилингвална библиотека која содржи дела на англиски, македонски, албански и турски јазик.

Меѓу другото, училиштето има своја трпезарија во рамките на која во хигиенски услови се подготвуваат различни јадења за учениците, а исто така, во рамките на интернатот има можност за сместување на над 140 ученици. Интернатот е поделен на машки и женски дел.

Ова училиште реализира и часови по учење и истражување во придружба на наставник, кој им помага на учениците во изучувањето.

Освен во Тетово, училиштето „Маариф“ своите активности ги спроведува и во Скопје, каде што од ноември минатата година е отворена градинка.

Градинките во Скопје и во Тетово се целосно опремени со цел да овозможат потребен развој и квалитетна настава за учење на децата.

Има игралишта каде што децата може да се забавуваат во безбедна средина, а за нив се грижи искусен наставен кадар.

„Заеднички вредности на човештвото се наша основа во образованието“, е мотото на училиштата на меѓународните училишта „Маариф“.

Mahir Demişoski