Израелските сили приведоа 18 Палестинци, меѓу нив и гувернерот на Ерусалим

0

На Западниот Брег се приведени 13 Палестинци, а во Источен Ерусалим, 5

(Дубаи – Портал) – Израелските сили во Источен Ерусалим и на Западниот Брег приведоа 18 Палестинци, меѓу кои е и Аднан Гаит, гувернерот на Ерусалим (Кудс) од палестинската власт, јавува Anadolu Agency (AA).

Локалните извори објавија дека израелските сили во Источен Ерусалим привеле 5 Палестинци, меѓу кои се наоѓа и Гаит.

Гаит е наводно приведен во акција организирана во текот на ноќта и однесен на испитување.

Гувернерот на Ерусалим беше приведен и на 27 февруари изведен пред суд и потоа ослободен.

Палестинските медиуми јавуваат и дека во акциите организирани во текот на ноќта на Западниот Брег се приведени 13 Палестинци кои се однесени на испитување. Палестинците се приведени под обвинение дека учествуваат во терористички активности.

Израелските сили често упаѓаат во палестински домови на Западниот Брег и во Источен Ерусалим и под различни обвиненија ги приведуваат Палестинците. Според официјалните податоци на палестинската страна, во израелските затвори се наоѓаат околу 5.700 Палестинци, а од тоа 230 се малолетници, додека околу 500 лица се наоѓаат во административен притвор.

Mahir Demişoski