РУСКО МНР: Русија ги прекинува сите врски со НАТО алијансата

0

Северноатлантската алијанса отиде предалеку во зајакнување на конфликтот со Русија и понатамошното спроведување на “работи како и обично” повеќе не е можно, изјавил рускиот заменик-министер за надворешни работи, Александар Грушко, на 15 април во интервју за РИА Новости.

“НАТО е навистина сериозен безбедносен фактор што ние немаме намера да го игнорираме. Притоа сфаќаме дека многу од она што се случува во Алијансата е производ на американската политика. Кога односите меѓу Русија и САД се менуваат, односите меѓу Русија и НАТО ќе се променат. Потсетувам дека руската реакција на настаните од 11 септември 2001 година, (голем терористички напад врз САД ) стана катализатор за создавање на нов квалитет (руски) однос со Алијансата, формирање Совет на Русија и НАТО “, истакнал Грушко.

Тој, исто така, потсети на некои други ситуации кои го обележаа расцепот во односите меѓу двете страни: бомбардирањето на НАТО на СР Југославија во 1999 година и постконфликтната ситуација во Јужна Осетија во 2008 година.

“Сегашната криза не е прва, ама е најдолга. Соработката преку цивилни и воени канали е целосно прекината. Самиот НАТО се откажа од позитивен развој на односите со Русија. Тие не постојат. И нема знаци дека НАТО Алијансата знае како да излезе од оваа слепа улица “, изјавил рускиот дипломат.

Потсетуваме: Сојузот на НАТО неодамна ја извести на руската страна дека оваа година нема намера да учествува на редовната Московска безбедносна конференција, која ќе се одржи следната недела, но дека се уште сака да го задржи отворениот дијалог со Русија за да избегне кризи и полесно да ги застапува своите ставови и интереси.