Париски обвинител смета дека пожарот во катедралата „Нотр Дам“ не е подметнат

0

Хеиц изјави дека ќе даде сѐ од себе да се утврди причината за пожарот и додаде дека веруваат оти тој не е предизвикан намерно.

(Дубаи – Портал) – Парискиот обвинител Реми Хеиц, зборувајќи за вчерашниот пожар во катедралата „Нотр Дам“, изјави дека се истражува можноста дека станува збор за несреќа, јавува Anadolu Agency (AA).

Хеиц изјави дека ќе даде сѐ од себе да се утврди причината за пожарот и додаде дека веруваат оти тој не е предизвикан намерно.

Тој појасни дека зеле и искази од вработените на компанијата, кои работеле на реновирањето на катедралата, која има историја долга 856 години.

Пожарот во средновековниот симбол на Париз и Франција изби вчера во 18:50 часот по локално време.

Огнените јазици во потполност го уништија покривот и кулата, висока 83 метри. Повеќе од 50 пожарникари учествуваа во гаснењето на пожарот и со големи напори успеаја да ја спасат северната кула со ѕвоното и главната зграда на катедралата.

Францускиот претседател Емануел Макрон го нарече огнот во „Нотр Дам“ голема трагедија. Тој рече дека катедралата била гордост на Франција и вети дека ќе биде обновена.

Mahir Demişoski