Трамп вложи вето на одлуката на Претставничкиот дом за Јемен

0

Претседателот на САД, Доналд Трамп, стави вето на резолуцијата на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес за запирање на помошта на просаудиската коалиција во воените операции во Јемен.

(Дубаи – Портал) – Претседателот на САД, Доналд Трамп, стави вето на резолуцијата на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес за запирање на помошта на просаудиската коалиција во воените операции во Јемен, јавува Anadolu Agency (AA).

Од Белата куќа е соопштено дека Трамп потпишал одлука за ставање вето на резолуцијата на Долниот дом на Конгресот и ја пратил до Сенатот.

„Овој нацрт на резолуцијата е непотребен и опасен обид за поткопување на моите уставни авторитети. Тоа ги загрозува животите на американските граѓани и војници. Оваа резолуција би нанела и голема штета на американската надворешна политика“, наведе Трамп во писмото до Сенатот.

Трамп тврди дека американското присуство во Јемен е потребно поради борбата против Ал Каеда, а дека САД не застанале на страната на кои било спротивставени страни во јеменската војна.

Истакнувајќи дека американските војници не се во состав на коалицијата која во операциите во Јемен ја предводи Саудиска Арабија, Трамп наведе дека САД имаат оправдани причини да го поддржат официјален Ријад.

Тоа е втор пат Трамп да го користи претседателско право на ставање вето на одлуката на Долниот дом на Конгресот. Прв пат го стори тоа на одлуката за откажување од идејата за изградба на ѕидот на границата со Мексико.

Mahir Demişoski