Претседателски и парламентарни избори во Индонезија

0

Се очекува официјалните Врховниот изборен одбор резултатите од изборите да ги објави до 22 мај.

(Дубаи – Портал) – Во Индонезија, заврши гласањето на претседателските и парламентарни избори, јавува Anadolu Agency (AA).

Повеќе од 190 милиони регистрирани гласачи на околу 810.000 избирачки места низ целата земја во 07:00 часот по локално време започнаа да гласаат за двајцата претседателски кандидати и за 245.106 пратенички кандидати.

На претседателските избори се натпреваруваа актуелниот претседател Јоко Видодо, член на Партијата за демократска борба на Индонезија (PDI-P), и неговиот ривал, Прабово Субианто, претседателот на опозициската Голема партија на индонезиското движење (Gerindra).

За вкупно 20.528 места во регионалните парламенти, вклучувајќи го и Централниот парламент, општините, провинциите и областите, ќе се борат кандидатите на 16 национални партии.

Гласањето заврши во 13 часот по локално време, и започна процесот на броење гласови.

Гласањето се одвиваше во мирна атмосфера, а за обезбедување на безбедноста при гласањето беа назначени повеќе од еден милион лица.

Изборните претставници во Џајапура, главниот град на провинцијата Папуа, соопштија дека во некои области од главниот град гласањето било одложено поради проблеми со снабдувањето на гласачки кутии и гласачки ливчиња.

Според правилото на Уставниот суд, на агенциите кои спроведуваат анкети ќе им биде дозволено да ги објават своите податоци за изборите 2 часа по затворањето на гласачките места.

На изборите на кои за прв пат истовремено се гласаше и за претседател и за составот на Парламентот, се очекува одѕивот да биде околу 70 проценти. На изборите одржани во 2014 година, во рок од 3 месеци, на претседателските избори одѕивот беше 69,58 отсто, додека за парламентарните избори гласаа 75,11 отсто од гласачите.

Видодо и Субианто претходно беа ривали на претседателските избори во 2014 година. Видодо стана претседател со освојување на 53,15 отсто од гласовите.

Се очекува официјалните Врховниот изборен одбор резултатите од изборите да ги објави до 22 мај.

Mahir Demişoski