Програмата на турски јазик при МРТ одбележува 50 години од своето постоење

0

„Треба да направиме се за да се унапреди оваа добра комуникација и соработка меѓу двете земји. И на тој начин ќе се зајакнува и унапредува пријателството меѓу двете земји“, истакна амбасадорката Кара.

(Дубаи – Портал) – Во Скопје се одржа програма по повод 50. годишна од постоењето на Програмата на турски јазик при Македонската радио-телевизија (МРТ), јавува Anadolu Agency (AA).

На програмата која беше организирана со поддршка на Здружението на турските новинари во земјата, учествуваа амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, заменик министерот за труд и социјална политика на Северна Македонија, Ѓонул Бајрактар, генералниот директор на МРТ, Марјан Цветковски, главниот уредник на Програмата на турски јазик при МРТ, Еран Хасип, претседателот на Здружението на турските новинари во земјата, Зехријан Салих, политичари, пратеници, професори, претставници на турските организации и институции во земјата, претставници на локалните организации, новинари, како и гости од Турција и Турската Република Северен Кипар.

Амбасадорката Кара, во нејзиното обраќање пред присутните, истакна дека постојат пријателски и братски врски меѓу Северна Македонија и Турција кои се многу цврсти и стари и упати благодарност до генералниот директор на МРТ, Цветковски поради покажаниот интерес за помош на Турците.

Кара потсети дека Турската програма при МРТ почна со емитување во 1969 година.

„Почитуван генерален директор, важно за нас е дека вие обезбедувате работно место за нашите луѓе. И на овој начин помагате во промовирање на различните култури во земјата. Сакам да потврдам дека ние како Турција ќе ви помагаме во секоја област“, рече Кара.

Потсетувајќи дека Турската радиотелевизија (ТРТ) отворила канцеларија во Скопје, Кара нагласи дека можно е МРТ и ТРТ да имаат заедничко емитување тука.

„Треба да направиме се за да се унапреди оваа добра комуникација и соработка меѓу двете земји. И на тој начин ќе се зајакнува и унапредува пријателството меѓу двете земји. Нашата цел тука е нашиот убав турски јазик да достигне до сите краишта во земјата“, истакна Кара.

Таа рече дека турските серии и филмови се емитуваат во бројни земји во светот, вклучувајќи ја и Северна Македонија.

„Овој начин е најлесна алатка за изучување на еден јазик. Се сретнуваме со некои македонски граѓани тука. Можат да зборуваат турски. Се прашувам, и ги прашувам ‘Од каде го научивте јазикот?’, ‘Гледаме турски серии’, велат тие“, додаде таа.

Генералниот директор на МРТ, Цветковски, истакна дека денешниот ден дека е значаен за историјата на Македонската радио-телевизија. Тој упати благодарност до сите кои им нудат помош, пред се на Амбасадата на Турција и ТРТ.

Тој нагласи дека по претседателските избори во земјата ќе има значително поголем број часови за емитување на турска програма при МРТ.

„Веднаш после изборите започнува нов телевизиски канал каде што минимум 5 до 6 часа во текот на денот за почеток ќе има програма на турски јазик“, нагласи Цветковски.

„Сето ова што ќе го направиме во деновите што претстојат, ќе биде едно големо благодарам за досегашните односи на нашиот народ и турскиот народ, меѓу нашата држава и турската држава, затоа што мислам дека Македонија поблизок народ и поблиска држава од турскиот народ и турската држава нема“, додаде Цветковски.

Тој рече и дека во изминатиот период биле во посета ТРТ, и оствариле контакти со цел да ги продлабочат досегашните односи и соработката.

Главниот уредник на Програмата на турски јазик при МРТ, Хасип, нагласи дека доживуваат еден момент со кој се гордеат.

„Треба уште повеќе да работиме. Во овој период верувам дека влеговме на вистинскиот пат. Ако нема критики, не можеме ниту да го најдеме вистинскиот пат. Но ако се движиме сите заедно, верувам дека ќе направиме многу подобри работи“, рече Хасип.

Ахмет Јешилтепе, координатор за надворешни вести на турскиот телевизиски канал НТВ (NTV), рече дека Северна Македонија е татковина на Мустафа Кемал Ататурк.

„Овие простори се свети простори за нас. Вие сте референца за нас. Луѓето коишто дојдоа од овие простори ја формираа денешната Република Турција, и дадоа голем придонес. Нашите оснивачките темели и колони дојдоа од Македонија, од Балканот“, нагласи Јешилтепе.

Јешилтепе присуството на турскиот јазик на овие простори го опиша како примерно и упати благодарност до МРТ поради што овозможиле помалкубројните заедници, вклучувајќи ги и Турците да емитуваат програма на својот мајчин јазик.

Турската програма при МРТ за прв пат почна со емитување на 16 април 1969 година.

Mahir Demişoski