(Дубаи – Портал) – Руја Устдегерли, менаџерката на фирмата која води грижа за лалињата во местото Исмил, за Anadolu Agency (AA) изјави дека произвеле околу 50 луковици лалиња на 500 хектари земја.

Во областа Коња, во Турција, површина од 500 хектари земјиште е прекриена со околу 50 милиони лалиња.

Поле со 130 различни видови лалиња, во местото Исмил, покрај убавината, го привлекува вниманието на голем број граѓани и туристи. Само во последните две недели полето го посетија илјадници домашни и странски туристи.

Се наоѓа на 50 километри од центарот на Коња, а овие денови во убавините на лалињата уживаа туристите од Русија, Украина, Германија и Италија.

Руја Устдегерли, менаџерката на фирмата која води грижа за лалињата во местото Исмил, за Anadolu Agency (AA) изјави дека произвеле околу 50 луковици лалиња на 500 хектари земја.

Таа појасни дека во септември и октомври саделе лалиња и дека сега ги виделе плодовите од таа работа. Устдегерли истакна дека интересот за полињата со лалиња е поголем во однос на претходната година.

Како што рече, оваа година имале компликации кога станува збор за времето, бидејќи на лалињата им е потребно сонце, а времето во претходните месеци беше поприлично студено.

Полето со лалиња го посети и Русинката Светлана Одноволенко.

„Секоја година доаѓам во Анталија. Многу сакам море. Прекрасен е погледот на ова поле со лалиња. Среќна сум што на едно место можам да видам милиони цветови со различна боја“, раскажа Одноволенко.

Специфичноста на лалето е во неговиот облик и цветот од кои само по еден расте на едно стебленце. Неговите цветови претежно се големи, а можат да се најдат листови во речиси сите бои.

Лалето најчесто расте во период од март до мај. Затоа се нарекува и пролетен цвет.

Mahir Demişoski