ПОДГОРЦИ: Добре ни дојде мубарек месец Рамазан

0

Со проучувањето на езан за акшам намаз, и тропотот на тапанот на Исмаил -(Мале), Подгорчани  му посакаа добредојде на мубарек месец Рамазан.

Мубарек Рамазан е време во кое најсилно се отчитува личната побожност на секој човек за која Возвишениот Аллах вели дека не може да се мери ниту со било која од овадуњалучки вредности.

Рамазан е месец кој поврзува два значајни моменти во животот на муслиманите: обврската за пост и сеќавање на објавувањето на Кур`анот, заради тоа среќен е оној кој во месец Рамазан ќе одговори на поканата на Возвишениот Аллах, во постот да го пронајде својот мир со себе, со светот, да најде љубов кон Господ и спрема човекот, роднината и соседот.

Со уверување дека месец Рамазан ќе ни ја донеси Аллаховата милост и опрост, Редакцијата на Дубаи Портал од сё срце на сите муслимани во нашава држава и странство им посакува среќни мубарек денови , денови поминати во пост, благосостојба и хармонија во своите домови. Нека ни е за многу години!

Потсетуваме: Вечерва е првата теравија намаз, утре првиот ден од пост на месец рамазан.

Во ова пригода редакцијата на Дубаи Портал на сите припадници од исламска вероисповест им го честита доаѓањето на мубарек месец Рамазан, истиот да го поминат во мир, хармонија меѓу своите најблиски, да се потсетуваме на она што стои во Кур`анот и Хадус, како и вредностите на овој месец, кој треба да биде исполнет и со намаз и добри дела.

Рамазан Шериф Мубарек Олсун!