Гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја, именуван како в.д. градоначалник на Истанбул

0
13

Гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја, е именуван за вршител на должноста градоначалник на Истанбул, потврдено е од Министерството за внатрешни работи на Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението се напоменува дека Врховната изборна комисија на Турција (YSK) вчера донесе одлука за поништување и повторно одржување на локалните избори во Истанбул.

Во врска со тоа, додека не биде познато името на новиот градоначалник на Истанбул, за вршител на должноста на таа позиција е именуван гувернерот на тој град, Али Јерликаја.

На седницата на Врховната изборна комисија на Турција, со мнозинство гласови (7:4) вчера беше прифатена жалбата на Партијата за правда и развој (AK Parti), која се однесуваше на одредени нерегуларности и незаконитости на изборите за градоначалник во Истанбул, кои беа одржани на 31 март.