Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи на Турција, Хами Аксој, во врска со изјавите на Морган Ортагус, портпаролката на американскиот Стејт Департмент и на членовите на американскиот Конгрес за повторното гласање на локалните избори во Истанбул, истакна дека секој треба да покаже почит кон одлуката донесена од страна на Врховната изборна комисија на Турција (YSK), јавува Anadolu Agency (AA).
Во однос на изјавите на портпаролот на американското МНР, Ортагус, како и на изјавите на членовите на американскиот Конгрес за повторните избори во Истанбул, портпаролот на турското МНР Аксој даде писмен одговор.
„Секој треба да покаже почит кон одлуката донесена од Врховната изборна комисија.Не треба да се заборави дека слични случувања имало и во САД и во други земји, и сите тие се решавале во рамките на правилата на демократијата“, се наведува во писмената изјава Аксој.
Аксој, потенцирајќи дека слободните и демократски избори се ненадминлив дел од државничката традиција на Турција, истакна: „Големата излезност на сите избори се најдобар показател за посветеноста на нашиот народ кон демократијата и неговата доверба кон изборниот систем.“
– „Слични настани претходно имаше и во САД и во други земји“
Аксој во својот писмен одговор наведе дека одлуката за повторни избори во Истанбул е донесена поради откривањето на незаконски елементи за време на изборите одржани на 31 март 2019 година, истакнувајќи дека донесената одлука е независна од изборните резултати, и додаде:
„Секој треба да покаже почит кон одлуката донесена од страна на Врховната изборна комисија на Турција (YSK), бидејќи нејзините членови се избрани од лицата припадници на високи судски органи, а тоа право за водење на изборниот процес и контрола на изборите им го дава Уставот на Турција. Слични случувања претходно имаше и во САД и во други земји, и наоѓам за сходно да потсетам дека тие се решавале во рамките на правилата на демократијата. Според нашите закони и според меѓународните обврски, потребно е изборите на најсоодветен начин да ја отсликаат волјата на турскиот народ. За да се спроведе тоа, повторните избори ќе се одржат на 23 јуни.“
Врховната изборна комисија на Турција (YSK) одлучи да ги понишни и повторно да бидат одржани избори во Истанбул.
На седницата на Врховната изборна комисија на Турција со мнозинство гласови (7:4) претходно овој месец е прифатена жалбата на Партијата на правдата и развојот (АК Парти), која се однесуваше на одредени нерегуларности и незаконитости на изборите за градоначалник на Истанбул одржани на 31 март.
Според тоа, Врховната изборна комисија на Турција донесе одлука да ги поништи и повторно да бидат одржани локалните избори во тој град.
Врховната изборна комисија донесе одлука повторените избори за градоначалник на Истанбул да се одржат во недела на 23 јуни.
На повторените избори ќе можат да учествуваат политички партии кои учествувале и на изборите одржани на 31 март оваа година.