Во Русија со свечена церемонија се прослави 74. годишнина на победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна, јавува Anadolu Agency (AA).

На Црвениот плоштад во Москва беше организирана воена парада по повод 9 Мај – Денот на победата.

На парадата, на која покрај претседателот на Русија, Владимир Путин, присуствуваа премиерот Дмитриј Медведев и основачкиот претседател на Казахстан, Нурсулатан Назарбајев, учество зедоа над 13.000 војници.

Во своето обраќање на парадата, Путин истакна дека поуките стекнати од војните во минатото се сѐ уште важечки и додаде „Направивме сѐ што е потребно нашите вооружени сили да бидат подготвени на највисоко ниво во случај на војна и ќе продолжиме во тоа.“

На парадата се прикажани повеќе од 130 нови и стари модели на оклопни возила и опрема, а поради лошите временски услови, откажани се прелетувањата на воените хеликоптери и авиони.

Дел од парадата, покрај единствениот тенк од 3-та генерација „Armata“ и модернизираниот тенк T72 B3, беа и балистичкиот ракетен систем со кус дострел „Iskander-M“, повеќецевниот ракетен фрлач „Smerch“, ракетните системи Buk-M2 и Top-M2, копнените противавионски топовски системи со кус и среден дострел „Pantsir-S“ и системот за противвоздушна одбрана S-400.

Воената парада заврши со демонстрацијата на интерконтиненталниот балистички ракетен систем „Yars“.

Од друга страна, вниманието го привлече министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, кој за првпат ги поздрави војниците на парадата со кабриолет верзија на возилото „Aurus“, кое од минатата година рускиот претседател Путин започна да го користи како службено возило.