Изјава на нашиот шампион Бени Османоски, после синоќешната победа и нокаут во прва рунда

0

Почитувани, имајќи ја во предвид уште една од повеќето на низа победи, а особено онаа синоќешната на нашиот шампион, сограѓани и Октишанец, Бени Османоски, ви ја пренесуваме неговата изјава по повод оваа голема победа за него и воопшто и успех за сите нас.

Па, да кажам дека прво пред две недели имав претходно една борба против повеќе пати германскиот светски шампион Мор Панзи на кого во три рунди борба го победив јасно со 3:0.

Веднаш за кратко, уследи и синоќешната борба во Германија(Хеилброн) каде над русинот Димитри Мекхаников (кој живее во Германија) со нокаут во прва рунда, победив и стигнав до уште една голема победа во мојата кариера, и тоа Elhamdulillah, во најубавиот месец за муслиманите Рамазан.

За оваа борба цело време се соочував со провокации да ја прифатам, бидејќи цело време ми бараа реванш, бидејќи со истиот противник веќе се имавме борено и пред 5 години, каде и тогаш победив со нокаут во втора рунда, меѓутоа сите тогаш изјавуваа тоа било среќа, и истиот пораз не можеше да го прифати бидејќи и истиот претходно имаше постигнато многу победи.

После мојата анализа и размислување одлучув да одговорам на новиот предизвик и уште една борба против него и тоа кај нив во Германија, притоа пренесувајќи му дека повторно ќе биде нокаутиран.

И, всушност така се случи, победив, а благодарноста за тоа му припаѓа на Аллах Возвишениот сё што доаѓа, доаѓа од него и како што сака тој така ќе биде, стои во изјавата, на шампионот Бени Османоски, кој за крајдека уште еднаш потенцираше и дека целосно е разочаран од незаинтересираноста на Македонските медиуми, особено од оние од делот на спортот кои треба да ја представуваат реалната слика на сите спортисти и нивните успеси, а не да ги делат по верска и национална припадност, како што е случај во нашата Македонија, и случајот со успесите кои ги постигнувам, а никако да допрат до информативните медиуми во Македонија, ама пак велам, Аллах е голем тој гледа сё – заклучи Бени.

Уште еднаш честитки и од нашата редакција, и понатамошни успеси!