Одбрана локација за населба на Голанската висоравнина која ќе го носи името на Трамп

0

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денес дека е избрана локацијата за ново населено место на Голанската висорамнина, која ќе биде именувана по американскиот претседател Доналд Трамп.

Нетанјаху објави дека ќе побара од новата влада да го одобри тоа веднаш штом ќе биде формирана. Засега не е познато како ќе се вика населбата.

Израелскиот лидер ги објави овие намери пред три недели за да ја изрази својата благодарност до Трамп за признавањето на суверенитетот на Израел над стратегискиот Голан.

Израелските медиуми објавија дека Нетанјаху ќе го положи камен-темелникот на населбата уште во почетокот на јуни.

“Оваа недела прославуваме една година откако САД отворија амбасада во Ерусалим. Во голема мера ја цениме историската одлука на претседателот Трамп, бидејќи многу ја цениме неговата историска одлука да го признае израелскиот суверенитет над Голанските висоравнини”, изјавил израелскиот премиер на денешната седница на владата.

Нетанјаху во моментов преговара за формирањето на новата влада, откако доби поддршка од повеќето пратеници по парламентарните избори на 9-ти април.

Израелскиот весник Макор Ришон веќе објави дека ќе се гради нова населба во северозападниот дел на Голан и дека на почетокот ќе биде дом на околу 120 семејства.

Израел го освои Голан од Сирија во 1967 и 1981 година, и го анектира, нешто што меѓународната заедница никогаш не г о. Таа го смета Голан за окупирана Сириска територија.