(Дубаи – Портал) – Екс премиерот Никола Груевски е неоправдано отсутен од работа веќе шест месеци. Со тоа исполнета е законската можност пратениците да изгласаат одземање на неговиот пратенички мандат. Во тој контекст денеска потпретседателка на Собранието, Фросина Ременски, оцени дека пратениците се пред сериозен тес и одговорност.

„Пред сериозен тест и одговорност на сите пратеници е спроведувањето на процедурата за одземање на мандатот со 80 гласа „за”. Пред сериозен тест е Обвинителството и Врховниот суд – ОЈО да даде одговор за истрагата за бегството, а Врховен суд да одолее да не ја укине пресудата за затворската казна“, рече Ременски.

Екс премиерот Груевски на 13 ноември минатата година преку својот фејсбук профил објави дека се наоѓа во Будимпешта каде побара и доби азил. Бегството следуваше откако Судот му изрече затворска казна во траење од две години по обвинение за предметот на СЈО, „Тенк“.

Mahir Demişoski