„Гледаме дека поединечни групи напаѓаат продавници и храмови, сакаме тоа да не го прават. Знаеме дека овие групи имаат политичка поврзаност“

(Дубаи – Портал) – Антиисламските групи запалија фабрика која ја водат муслимани, а која е сместена во северниот дел на градот Коломбо, во Шри Ланка, пренесува Anadolu Agency (AA).

На материјалот споделен во вестите на „Би-би-си“ (BBC) може да се види уништената внатрешност на фабриката.

Од друга страна, Малколм Ранџит, надбискупот на Коломбо, ги осуди нападите врз муслиманите кои зачестија по терористичките напади на 21 април и ги повика сите етнички и верски групи на заедништво.

Кардиналот Ранџит смета дека е неопходно што поскоро да сопрат нападите над муслиманите.

„Немојте да се плашите пред овие злонамерни напади и бидете стрпливи“, рече тој, обраќајќи им се на муслиманите.

Смета дека сите заедно треба да ја изградат Шри Ланка во која припадниците на сите нации и религии ќе живеат во соживот.

Тој се осврна и на нападите врз џамиите и продавниците во сопственост на муслимани.

„Гледаме дека поединечни групи напаѓаат продавници и храмови, сакаме тоа да не го прават. Знаеме дека овие групи имаат политичка поврзаност“, рече тој.

Во серијата напади во Шри Ланка изведени на 21 април загинаа најмалку 253 лица.

Mahir Demişoski