„Во месец април најмногу туристи има од Германија, потоа следуваат туристите од Русија со зголемување за 34 отсто, а на трето место се наоѓаат туристите од Велика Британија, со пораст од 31 отсто“

(Дубаи – Портал) – Министерот за култура и туризам на Турција, Мехмет Нури Ерсој, соопшти дека бројот на странските туристи што ја посетиле Турција се зголемил за 24 отсто, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на Министерството за култура и туризам, министерот Ерсој ги споделил информациите за туристичките податоци во земјата за месец април.

Министерот Ерсој, истакнувајќи дека бројот на странските туристи во Турција се зголемил за 24 отсто во месец април, рече дека најмногу посетители има од Германија со зголемување од 48 отсто.

„Во однос на истиот месец од минатата година во Турција, бројот на туристите е зголемен. Во месец април најмногу туристи има од Германија, потоа следуваат туристите од Русија со зголемување за 34 отсто, а на трето место се наоѓаат туристите од Велика Британија, со пораст од 31 отсто“, истакна министерот Ерсој.

Mahir Demişoski