(Дубаи – Портал) – Претседателот на Кина, Кси Џинпинг, повика на единство меѓу азиските држави.

Во својата нота, на ” Конференцијата за дијализа на азиските цивилизации во Пекинг, Кси бара, државите да им овозможат на другите цивилизации да растат, додека ги развиваат своите.

“Сите нации на овој свет треба да ги ставиме во еден цвет”, рече тој.

Тој исто така надополни дека, не би било судир меѓу ниту една нација, доколку на луѓето им се овозможи да ја живеат и ценат својата убавина.

South China Morning Post пренесува дека Кси предупредил дека присилувањето од една нација на друга е “глупаво” и “катастрофално”, со последици.

“Ако некој мисли дека неговата цивилизација е супериорна и инсистира на заменување или збришување на друга цивилизација, тоа би било глупава идеа, и катастрофален чин”, рече Кси.

“Ние ќе одржиме еднаквост и почит, напуштање на гордоста и предрасудите, продлабочување на нашето знаење, за разликите меѓу нашата и другите цивилизации и промовирање на хармоничен дијалог и соживот меѓу цивилизациите”, рече тој.

Mahir Demişoski