Судот во Маниса донесе одлука во предметот во кој им се судеше на девет лица, од кои шест беа во притвор.

(Дубаи – Портал) – Поранешниот командант на бригадата на Турските вооружени сили (ТСК) стационирани во Маниса, во западниот дел на Турција, полковникот Мурат Јилмаз, е осуден на доживотна затворска казна по услови построги од вообичаените, поради учество во обидот за државен удар во Турција, зад кој стои терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).

Судот во Маниса донесе одлука во предметот во кој им се судеше на девет лица, од кои шест беа во притвор.

Уапсениот поранешен полковник Нихат Ерјилмаз и поранешните потполковници Енгин Јуџел и Шукру Озермиш се осудени на доживотна затворска казна.

Судот му одреди казна од седум години и шест месеци на поранешниот капетан Мустафа Таџибозук, а на поранешниот поручник Илхан Гозујукари казна од шест години, десет месеци и 15 дена.

Ослободени се поранешните подофицери Тарик Демирташ и Ферди Јорујен, и поранешниот поручник Јунус Бајат.

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција, во ноќта на 15 јули 2016 година.

Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), а чие испорачување Турција официјално го бараше од САД.

Припадниците на таа терористичка организација со години преку местење на испити напредуваа во службата, инфилтрирајќи се така во институциите на државата. Потоа, најпрво во декември 2013 година, приврзаниците на ФЕТО, преку наместениот процес, во правосудството на Турција се обидоа да процесуираат голем број високи функционери поради наводна корупција.

Неколку години подоцна следуваше и крвавиот обид на терористите на ФЕТО, кога на 15 јули, 2016 година офицерите во турската Војска, дел од таа терористичка организација, започнаа пуч.

Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна, а на тоа во повеќе наврати укажаа турските официјални лица. За време на обидот за пуч во Турција загина 251, а ранети се околу 2.200 лица.

Mahir Demişoski