(Дубаи – Портал) – Се огласи Кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери за случајот со пратеникот Павле Богоевски. Оттаму велат дека ќе се водат според Уставот и Деловникот но, во овој момент нема основ за било каква постапка.

“Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, секогаш кога според Уставот и Деловникот на Сoбранието е должен да постапува, презема конкретни иницијативи и мерки кои се во согласност со неговата надлежност.
Во овој момент нема основ за каква било постапка.
ПСРСМ очекува дека надлежните институции ќе постапуваат ефикасно и целосно ќе го расчистат случајот-велат од неговиот Кабинет”.

Mahir Demişoski