(Дубаи – Портал) – Познатиот играч на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, во време не месецот рамазан, избраниот месец за муслиманите, изврши умра.

Фудбалерот на својот Инстаграм профил сподели слика од светото место “Ќаба”, со натпис “Никогаш не заборавај ги важните работи во животот”. Сликата ја лајкуваа 1,9 милиони корисници, а ја прокоментираа 21.000. Погба вкупно 66 пати има настапено за репрезенетацијата на Франција, а оваа сезона во дресот на Манчестер Јунајтед во 35 натпревари постигна 13 погодоци.

Mahir Demişoski