(Дубаи – Портал) – Израел, при воздушните напади на Газа, го бомбардираше еден од најважните културни центри кој ја документира историјата на Палестина и уништи повеќе од 10.000 книги и документи.

Израел, при воздушните напади на Газа, го бомбардираше еден од најважните културни центри кој ја документира историјата на Палестина и уништи повеќе од 10.000 книги и документи, јавува Anadolu Agency (AA).

Апартманот од шесткатната „Хазнедар“, каде што е сместен Центарот за документација и истражување „Абдулал ел Хурани“ во населбата Ер-Римар во Газа, кој припаѓа на Палестинската ослободителна организација (PLO) се претвори во урнатини по бомбардирањето на израелските воени авиони на 4 мај.

Центарот, кој 22 години ја документира палестинската историја и култура, овие денови требаше да објави две книги за палестинската кауза, но по израелските напади тоа не се случи.

– „Израел уништи повеќе од 10.000 книги, документи и архиви“

Генералниот директор на Центарот, Нахид Зекут, во изјавата за АА, рече дека Центарот е од национален карактер и дека покрај семинари и конференции за бегалците, тој е место каде што се собираат Палестинците и се промовираат иницијативите на младите.

„Центарот, исто така, содржи значајни книги и документи за историјата на Палестинците и Арапите“, посочи Зекут, и нагласи: „Израел, со бомбардирањето на Центарот уништи повеќе од 10.000 книги, меѓу кои има и книги кои ретко се наоѓаат, документи и архиви значајни за историјата на Палестина.“

„Со бомбардирањето на овој центар Израел ја погоди палестинската свест и култура“, истакна Зекут, додавајќи дека и покрај тоа што местото е срушено, идејата на Центарот продолжува и можно е зградата да биде повторно изградена.

Палестинското Министерство за култура во врска со темата соопшти дека нападот врз Центарот значи систематско воено злосторство насочено кон меморијата на палестинскиот народ.

Центарот за документација и истражување „Абдулал ел Хурани“ беше основан во 1997 година, со одлука на палестинскиот лидер Јасер Арафат.

– Беа убиени 25 Палестинци 

Во нападите на Израел врз Појасот Газа на 4-5 мај, животот го загубија 25 лица, меѓу кои три жени, од кои две бремени и две деца, а повредени беа 150 Палестинци.

Како резултат на исфрлените ракети од Газа кон Израел од страна на палестинските групи на отпорот, загинаа четворица Израелци, од кои еден со палестинско потекло.

Со посредство на Египет и Обединетите нации во раните утрински часови на 6 мај (понеделник), помеѓу страните постигнат е договор за прекин на огнот.

Mahir Demişoski