„Зголемувањето на стратешката координација и соработката меѓу Турција и Кина, во моменталните меѓународни услови е значајно“, нагласи Ји.

(Дубаи – Портал) – Кинескиот државен советник и министер за надворешни работи, Ванг Ји, истакна дека Турција и Кина имаат пазари кои се развиваат и се значајни земји во развој, јавува Anadolu Agency (AA).

„Зголемувањето на стратешката координација и соработката меѓу Турција и Кина, во моменталните меѓународни услови е значајно“, нагласи Ји.

Во рамките на неговата посета на Кина, заменик-министерот за надворешни работи на Турција, Седат Онал, во Пекинг, беше примен од страна на кинескиот државен советник и министер за надворешни работи, Ванг, во Пекинг.

На делот на средбата отворена за медиумите, истакнувајќи дека двете земји имаат широк заеднички интерес од соработката, Ванг рече: „Турција и Кина имаат пазари кои се развиваат и се значајни земји во развој. Зголемувањето на стратешката координација и соработката меѓу Турција и Кина, во моменталните меѓународни услови е значајно.“

Ванг, исто така, потенцираше дека посетата на Онал на Кина е значајна и за политичките димензии на билатералните односи.

Онал, нагласувајќи дека посетата на Кина била плодна, рече дека министерот Ванг го поканил на Конференцијата на амбасадори која ќе се одржи во Турција, во август.

Онал, на средбите беше придружуван од турскиот амбасадор во Пекинг, Абдулкадир Емин Онен.

Mahir Demişoski