Поради континуираните притисоци врз цивилното население што ги спроведува режимот на Асад и неговите поддржувачи во Сирија, рестриктивните мерки ќе продолжат до 1 јуни 2020 година.

БРИСЕЛ (АА) – Европската Унија (ЕУ) донесе одлука да ги продолжи санкциите за режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад за една година, пренесува Anadolu Agency (AA).

Советот на ЕУ соопшти дека поради континуираните притисоци врз цивилното население што ги спроведува режимот на Асад и неговите поддржувачи во Сирија, рестриктивните мерки ќе продолжат до 1 јуни 2020 година.

Со одлуката, од листата на санкции што ги спроведува ЕУ тргнати се 5 лица, кои починале, и 2 институции. Со тоа, на листата на санкции од ЕУ моментално се евидентирани 270 лица, кои учествувале во насилствата врз луѓето во Сирија.

На овие лица им е забрането патување, а исто така, замрзнат е и нивниот имот во ЕУ.

ЕУ воведе санкции врз 70 институции во Сирија. Меѓу тие институции се наоѓа и Централната банка на Сирија. На институциите, исто така, им е замрзнат и имотот.

Санкциите на ЕУ кон Сирија вклучуваат ограничување на инвестициите, спречување на извозот на техничка опрема и технологија, што може да се искористи за извршување притисок врз населението, и нафтено ембарго.