(Дубаи – Портал) – Пратеничката Јагода Шахпаска од редовите на СДСМ вели дека е прифатлива иницијативата на осумтемина независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ сите пратеници во Собранието доброволно да направат тест за (зло)употреба на наркотични средства.

„Оваа иницијатива треба да ја разгледа претседалоте на Собранието и да одлучи согласно овластувањата. Ги повикувам институциите да постапат согласно овластувањата, да се испита случајот и по носењето на заклучоци, да се постапи согласно законите“, истакна Шахпаска.

Независната пратеничка група од ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија бара в понеделник Собранието да овозможи услови и лекарски тим кој ќе може да го спроведат тестирањето.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери засега е воздржан во однос на ваквата иницијатива. Од неговиот кабинет соопштија дека дека нема да коментира изјави на пратенички групи.

Во моментот кога во Кабинетот на петседателот на Собранието ќе стигне конкретна иницијатива, претседателот Џафери ќе ја разгледа, ќе се произнесе за неа и ќе постапи согласно надлежностите што му ги обезбедуваат Уставот, Деловникот и Законот за пратеници – велат од Кабинетот на Џафери.

Mahir Demişosk