Речиси 16 милиони гласачи ќе гласаат утре

Околу 16 милиони гласачи во Австралија утре ќе гласаат за избор на Влада, пренесува Anadolu Agency (AA).

На изборите ќе се избираат членови на Претставничкиот дом и членови на Сенатот. Во Австралија се очекува изборите да поминат помеѓу коалиционата влада на Либерално-националната партија и Лабуристичката партија, за која неодамнешните анкети покажуваат дека е во предност од 2 поени.

Владејачкото крило предводено од премиерот Скот Морисон и Лабуристичката партија, предводена од Бил Шортен, ги завршија своите изборни кампањи низ целата земја, коишто траеја речиси 1,5 месец.

Владејачкото крило во изборната кампања на преден план ја истакна економијата, прекинот на прифаќањето на мигрантите и безбедноста на границите, додека опозицијата се осврна на климатските промени, ниските плати, социјалната помош и здравствените услуги.

– Турците во Австралија поблиски до Лабуристичката партија

Турците, кои претходно имаа федерален сенатор од Лабуристичката партија и тројца пратеници, од кои еден министер во државата Викторија, се очекува и на овие избори да гласаат за Лабуристичката партија.

Искусниот политичар Хаки Сулејман, татко на пратеничката од државата Викторија, Назли Сулејман, во изјавата за дописникот на АА, оценувајќи ги изборите, рече дека ќе победи Лабуристичката партија.

Сулејман, исто така, нагласи дека победата на Лабуристичката партија ќе биде од корист и за Австралија и за турската заедница во неа.

На изборите народот ќе гласа за 150 пратеници во Претставничкиот дом и 76 претставници во Сенатот.