(Дубаи – Портал) – Цела земја се крена на нозе поради скандалозната снимка од Павле Богоевски, па поради овој случај на мета беа ставени сите пратеници во македонското собрание и имаше предлози сите народни избраници да прават нарко тест.

Претседателот на Собранието Талат Џафери не гледа правен основ за реализирање на иницијативата тестирање на пратениците за наркотици.

,,Во Законот за пратеници, во Деловникот за работа на Собранието и во Уставот на Република Северна Македонија, нема правен основ според кој Претседателот и Собранието на Република Северна Македонија би можеле да ја реализираат Иницијативата на Независната пратеничка група. Условите за кандидирање, за избор и за работа на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија се јасно дефинирани и оттука, Претседателот на Собранието не може и не смее да постапува надвор од своите законски овластувања.

За потсетување, пред неколку дена во јавноста осамна снимка на која се слуша како пратеникот Павле Богоевски нарачува кокаин, од која цела македонска јавност бурно реагираше. Најинтересното од целата оваа приказна е што Павле Богоевски ја потврди автентичноста на снимката, но вистината била дека тој не нарачувал кокаин туку масло од канабис за негова блиска пријателка на која ова масло многу и помогнало.

Министерот Спасовски по повод овој случај изјави дека Павле Богоевски ќе биде третиран исто како и секој граѓанин на оваа држава.

– Тоа што тој е пратеник не е никаква привилегија, но овој случај мора убаво да се испита, изјави Спасовски.

Mahir Demişoski