Во обраќањето по ифтарската програма во Анкара, турскиот претседател изјави дека диктаторот во Сирија прави се за да остане на власта.

(Дубаи – Портал) – На муслиманскиот свет очајнички му се потребни мирот, благосостојбата и спокојот, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).

Во обраќањето по ифтарската програма во Анкара, турскиот претседател изјави дека диктаторот во Сирија прави се за да остане на власта.

„Но, токму како во Сирија, диктаторите можат да ги претворат своите земји во урнатини, занемарувајќи било какви правила, норми и морал само за да ја сочуваат својата моќ”, рече Ердоган.

Додаде дека муслиманите треба сериозно да ја разгледаат ситуацијата во која денес се наоѓаат.

„Конкретно, настаните во нашето блиско соседство ни говорат дека сите ние како исламскиот свет би требале да направиме една сериозна самоанализа”, рече Ердоган.

Mahir Demişoski