(Дубаи – Портал) – Пронајдено е безживотното тело на новинарот на Anadolu Agency (AA), Абдулкадир Нишанџи, кој на 10 мај падна во провалија за време на следење на работите на патот на планината Соганли меѓу турските градови Бајбурт и Трабзон, јавува Anadolu Agency (AA).

Гувернерот на Бајбурт, Али Хамза Пехлива, во изјава за АА истакна дека безживотното тело на Нишанџи било пронајдено од страна на тимовите на Кабинетот за вонредни ситуации на Република Турција (AFAD) и нуркачи.

Нишанџи беше на новинарска задача на планината Соганли, висока 3.500 метри, каде што ги следеше работите на патот кој ги спојува градовите Бајбурт и Трабзон. Во обид да забележи фотографија, Нишанџи застанал на парче снежна маса кое се скршило, при што паднал во провалија.

Пехливан информираше дека телото на Нишанџи било пронајдено на оддалеченост од еден километар од местото каде што паднал.

Тој упати сочувство до семејството и блиските на Нишанџи.

Mahir Demişoski