Португалија, првата членка на ЕУ која ќе пласира државни обврзници во јуани

0

Португалија ќе стане првата членка на еврозоната која ќе пласира државни обврзници на кинескиот пазар.

Количината на тригодишните “panda-bonds“ ќе изнесува 2 милијарди јуани ( 269 милиони долари), соопшти The Financial Times, а пласманот ќе се изврши на 29 и 39.мај.

Од членките на ЕУ државни обврзници во јуани веќе пласираа Унгарија, Полска, меѓутоа Португал ќе биде првата членка на еврозоната која ќе излезе на кинескиот финансиски пазар. The Financial Times наведува дека истите планови ги разгледува и Австрија.