По повод мубарек месец рамазан, после речиси неколку години, подгорчани синоќа повторно имаа можност уште еднаш заеднички да го почувствуваат заедничкиот ифтар, карактеристичен за сите муслимани ширум светот, а кој се оддржува во текот на рамазанските денови.

Ова година, благодарение на организацијата на жители на населба Подгорци, потпомогнато со донации од внатре и надвор оа населба Подгорци, односно околните населби, традиционалниот рамазански ифтар се оддржа во просториите на градбата на новата идна џамија на населба Подгорци.

Во ова пригода, би сакале да им се заблагодариме на сите оние кои со своето учество помогнаа во реализација на овој наш заеднички ифтар, сите оние кои финансиски допринесоа реализацијата да биде остварена, односно истиот ифтар оваа година оддржи, притоа, не заборавајќи ги и сите оние кои зедоа доброволно учество во реализацијата на текот и одвивањето на овој за наш благословен ифтар, се разбира тука потенцирам на оние младите кои служејќи допринесоа истиот да помине онака како што наликува и треба.

Нека Аллах џ.ш ги награди сите оние, кои помогнаа, и иншала наредната година да ја дочекаме повторно со посториите на оваа Алахова куќа, за која се надеваме дека ќе биде подготвена и за редовен намаз, ни изјави имамот на населба Подгорци еф.-Назме Мавмудоски.

А, ние почитувани во прилог преку видео и фотографии Ви пренесуваме дел ос синоќешниот амбиент.

Напомена: Сликите се со намалена резолуција.